21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Додека град Скопје не се замара, Ковачевски со добра вест: Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона

Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура, соопшти Димитар Ковачевски, мандатар за новата влада.

– Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно, соопшти Ковачевски.

Ова доаѓа додека Град Скопје избегнува да учествува во помошта со која треба да се обезбеди парно за скопјани во следниот период.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со најновата прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

ДЕСК

Еден осомничен за разбојништво во скопско Бучимци

ДЕСК