„Во овој период најбитно е да се испорачаат стабилни резултати, имајќи предвид во каква состојба се наоѓаме. Имаме здравствена, економска и енергетска криза. Најбитно е владата да се стави целосно во функција на граѓаните и компаниите“ кажа потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека важно е во сите процеси да се вклучи и опозицијата, бидејќи се наоѓаме во време кога државните интереси мора да се стават над личните и партиските.
„Доста е од паника, доста е од фатални состојби, цело време живееме во неизвеснота, на граѓаните им треба стабилност. Во овие кризни времиња мора сите да бидеме на висина на задачата“ кажа Костадинов.
Тој додаде дека очекувано и потребно беше во новиот состав на владата да се задржи континуитет, но, како што кажа, потребни беа и освежувања.