11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Земјотресот бил со јачина од 4.5 степени, а бил почуствуван на овие места – Официјална информација на македонските сеизмолози

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 11.01.2022 година регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје во соседна Република Грција во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин.

Земјотресот се случи во 16 часот и 14 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML4,5. Според досегашните податоци, земјотресот е најсилно почуствуван во градот Битола и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +