Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поскапеа струјата за 100% и ја укинаа ефтината тарифа без енергетска криза

Соопштение на СДСМ – реакција на прес-конференцијата на Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ:

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поскапеа струјата за 100% и ја укинаа ефтината тарифа без енергетска криза

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија за домаќинствата се зголеми за 100 отсто, а добар дел од овој период Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски а потоа и директор на ЕСМ.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која ја укина дневната евтина тарифа и тоа во време кога немаше глобална енергетска криза, а потоа како опозиција се противеше на нејзиното повторно воведување.

Исто како и за време на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат и од глобалната енергетска криза да профитираат политички измислувајќи конструкции и плашејќи ги граѓаните дека цената на струјата ќе се зголеми помеѓу 30 и 40 отсто.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, секогаш на спротивната страна од интересите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ДЕСК

Филипче: Растот на БДП е резултат на поголемата потрошувачка на граѓаните заради инфлацијата, власта манипулира

ДЕСК

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.