5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Aрсовска работи по инструкции на ДПМНЕ, прекина проект револуционерен за Скопје

Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, уште во првите месеци од мандатот покажува неодговорен и нечесен однос кон граѓаните на Скопје, обвини на денешната прес-конференција, Стефан Васев од СДСМ.

Како што рече тој, скандалозен е последниот потег на Арсовска да го прекине проектот Бас Рапид Транзит (БРТ), кој се спроведуваше со поддршка од Европската банка за обнова и развој.

„Три години се работеше овој револуционерен проект кој има за цел да внесе нов систем на ефикасен и еколошки јавен превоз во главниот град. Многу важен за скопјани.

Со средства од ЕБОР и со средства од градскиот буџет, направени се истражувањата и изработка на студијата на која учествуваа сообраќајни експерти од земјава и странство, како и проект за првата траса.

Беше потпишан и Договор со ЕБОР за наменски кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси на БРТ системот.

Сега, заради лични хирови, Арсовска го укинува овој проект кој што веќе е во процес на реализација и од висок интерес на скопјани“, истакна Васев обвинувајќи дека скопската градоначалничка работи по инструкции од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК