Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

142 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (15.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 142 возачи. Од нив 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 87 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ до Мицкоски: Сакате и понатаму да одвлекувате внимание од мигрантите или ќе ја потпишете Резолуцијата?

ДЕСК

Филипче: Социјални станови наместо шатори, мигрантскиот план е прочитан!

ДЕСК

Алиу на секторската работна група за здравство: Презентиран напредокот на националниот систем за трансплантација и реализација на инфраструктурните инвестиции во здравствениот сектор

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.