25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Здрава, вкусна, но опасна: 6 намирници со кои треба да внимавате

Иако храната може да биде лек за нашето тело, доколку јадеме поголеми количини на некои намирници, тие можат да направат повеќе штета отколку корист.

Храната може да биде лек за вашето тело, но може да биде и отров. Она што го внесуваме има големо влијание врз нашето здравје, позитивно и негативно.

Храната што ја јадеме е директно поврзана со нашето здравје. Затоа е многу важно да внимаваме што јадеме и пиеме, бидејќи тоа има големо влијание врз нашиот организам.

Во продолжение ви претставуваме намирници за кои малкумина знаат дека доколку се јадат во големи количини може да бидат штетни за здравјето.

1. Брокула и зелка
Доколку имате проблеми со тироидната жлезда, треба да ги избегнувате овие две намирници, бидејќи брокулата и зелката содржат тиоцијанати, кои ја попречуваат апсорпцијата на јод.

2. Спанаќ и блитва
Оксалатите во спанаќот и блитвата се штетни за оние кои имаат проблеми со камења во бубрезите и покачен калциум.

3. Цимет
Циметот содржи кумарин, кој ги оштетува бубрезите и црниот дроб, а во поголеми количини дури може да го зголеми ризикот од рак.

4. Сирење
Сирењето не само што е полно со заситени масни киселини кои се штетни за срцето, туку содржи и многу сол.