26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Живковиќ: Владата е отворена и секогаш на страната на работниците и синдикатите

„Сите барања кои ги имаат синдикатите и работниците се прифатливи за Владата и составен дел од програмата на Владата. Ние сме отворени за работниците и Владата отсекогаш била на страната на работниците и синдикатите“ кажа Милан Живковиќ, советник за труд и социјална политика во Владата во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат М.

Тој додаде дека протестот на синдикатите е дел од социјалниот дијалог и потенцираше дека минималната плата да достигне 20 илјади денари и недела да биде неработен ден се програмски определби на Владата.

„Предлогот за недела неработен ден е веќе поминат на економско-социјалниот совет со поддршка на сите социјални партнери, но имавме блокада во Собранието. Со новото парламентарно мнозинство имаме размрдувања, предлогот веќе помина второ читање во собраниска комисија, а следно е разгледување на овој предлог на пленарна седница“ кажа Живковиќ.

Тој додаде дека за Владата валидно е и барањето за К-15, односно регресот за годишен одмор, да важи и за работниците во јавниот сектор, но потенцираше дека потребна е анализа, по што овој предлог може да стане реалност.