АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА:
Поради интензивни врнежи од снег, преку планинскиот превој Плетвар од превентивни причини, од 17:15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради можност за намалување на носивоста на еден ред столбови на мостот на река Брегалница кај село Долни Балван на локалниот пат село Долни Балван – село Таринци, Општина Карбинци заради безбедност на учесниците во сообраќајот препорачува мостот да не се користи од товарни возила и автобуси, а за останатите учесници во сообраќајот внимателно возење и прилагодување на брзината на возење према новонастанатат состојба.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од слаб снег се бележат во Битола,Прилеп,Крушево и Струмица.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.