Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Катчето за рекреација, направено на барање на жителите во рамки на маалските средби, со новата современа теретана во Паркот на франкофонија, утрово беше затекнато уништено.

Уште недовршена, теретаната веќе е вандализирана. Некој преку ноќ се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс ја исекле со нож и целосно ја уништиле.

Случајот е пријавен во МВР.

„Наместо простор за рекреација, некој избрал деструкција. Покрај тоа, искршено е и фудбалското игралиште во овој парк. Ова, за жал, не е прв ваков случај на вандализам во нашата општина. Апелирам до сите граѓани да го чуваат јавниот простор и заедничките содржини создадени за спорт, рекреација и дружење“, порача Герасимовски .

Новата теретана се состои од 17 справи, а овие денови требаше да се постави и специјална тревна подлога за поголема безбедност при користење.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ – Објавени улиците за планираните прекини

ДЕСК

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

ДЕСК