Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Заврши владината седница – донесена една одлука

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го одобри предлогот на Министерството за финансии за репрограмирање на кредитни услови на АД „НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ“ Скопје во државна сопственост, во однос на заемот за финансирање на проектот „Гасификација на Република Северна Македонија“, добиен од Дојче банка и Ерсте банка.

Согласно оваа одлука, Министерството за финансии е задолжено на утрешната седница на Владата да достави законско решение со новите кредитни услови за предвиденото репрограмирање и откако ќе биде утврдено на владината седница, да биде испратено до Собранието на усвојување.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК