22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров – Ескобар: Земјата заслужи напредок поради покажаното лидерство и реформскиот процес

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска оствари средба со заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, кој престојува во работна посета на земјава.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), на средбата се разговарано за европската перспектива на Северна Македонија и регионот како заедничка стратешка цел, како и актуелните состојби во тој контекст.

Димитров упатил благодарност за континуираната американска поддршка на европските интеграции и партнерството и сојузништвото во справувањето со глобалните предизвици, како израз на заедничките вредности.

„Делиме иста визија за иднината на Северна Македонија и регионот и поддршката од САД како наши партнери и сојузници секогаш била двигател на процесите. Почетокот на пристапните прег​овори со Северна Македонија ќе означи заокружување на едно поглавје во исполнувањето на заедничката стратешка цел и создавање на нов моментум за европската иднина на регионот како гарант на стабилноста и демократијата. Надминувајќи ги актуелните предизвици, ќе можеме да се насочиме кон унапредување на споделените вредности и продлабочување на партнерството во тој поглед“, посочил вицепремиерот.

Ескобар ја истакнал посветеноста на Северна Македонија како НАТО сојузника во обезбедувањето на регионалната безбедност и промовирањето на евро-атлантските вредности, при што ја посочи важноста на Преспанскиот договор како столб на мирот и сигурноста во регионот.

Тој нагласил дека покажаното лидерство и заложбите во реформскиот процес треба да бидат валидирани со заслужен напредок во европските интеграции на земјата, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција во процесот на преговори.

Можеби ќе ве интересира

Перфекционизмот го попречува напредокот: Еве зошто наглите промени во навиките не се добри

M T

СДСМ: 31 година сме на страна на државноста и напредокот

M T

Димитров: Нема напредок во историската комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија

M T

Османи-Ескобар: Oсуда за воената интервенција врз Украина и повик за прекин на воените дејствија

M T

Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

M T

Втор ден од работната посета на Берлин – Димитров на средби со високи претставници на ЕУ и Германија

M T