Политичката влада и бугарската да се извинат во Скопје и Софија да го решиме спорот, додела има свет и век ќе говориме македонски јазик и сме Македонци, вели аналитичарот Ненад Јовановиќ во “Само вистина”
-Невозможно е да се наруши националниот идентитет, а за дел од популистичките политичари ќе билдаат рејтинг за патриотизам и името не го даваме, а кога ќе ги прашаш што е македонскиот идентитет не знаат да објаснат. Груевски го одбрани ли националниот идентитет или не ограби? Само се се затскри зад криминалот ги наполни џебовите и побегна, додаде Јовановиќ.
Според Јовановиќ идејата на НАТО е да докаже на западните дојузници дека сме дел од западната цивилизација, не дека само не штити и дека немаме војска.
-А западната цивилизација работи на развој на правото, демократијата, а не дека ќе бидеме луѓе што го мразат македонизмот. Ако продолжиме со национализмот земјава ќе биде дезинтегрирана и луѓето ќе заминуваат. Ние соседите или не ги гледаме или кога ги гледаме не ги сакаме, додава Јовановиќ.
Според Јовановиќ македонската влада покажа питомост, а Зоран Заев беше со поинаква реторика по однос на прашањето со Бугарија.
-Ние сме подемократска земја, ги признаваме малцинствата, а Бугарите велат дека ние немаме малцинства, а основен постулат дали една земја е де ократска е како се однесува кон малцинствата, додава Јовановиќ.