Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот со македонска регистрација што се запали на автопатот Струма.
Нивната идентификација е направена со ДНК-профили.
Вчера со указ на јавниот обвинител, било дадено одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер до нивните роднини, рече Борислав Сарафов.
Според најавите, бугарската влада ќе помогне во транспортот со обезбедување воен авион.
Вчера заврши и транспортот на сите седум повредени патници.
Несреќата во која загинаа 45, а седум лица беа повредени се случи во раните утрински часови на 23 ноември кога тие со автобус на агенцијата „Беса транс“, преку Бугарија, се враќаа од патување во Истанбул.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...