Димитар Ковачевски, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ на следните внатрепартиски избори во своето гостување утрово на „Утрински брифинг“ рече дека сите институции мора многу поефикасно да се борат со овој проблем кој според него ја намалува економската конкрентност и ги загрозува основните слободи на граѓаните.
„Јас имам нулта толеранција за корупцијата бидејчи така сум научен да работам целиот мој животен век во приватниот сектор и меѓународните компании за кои сум работел. Доколку бидам избран ќе инсистирам тоа да се практикува нa сите нивоа, а корупцијата која ќе биде откриена безусловно да биде санкционирана“ – истакна Ковачевски.