15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Се намалува бројот на жртви во сообраќајот, се зголемува бројот на казните

-На месечно ниво правиме пресек за тоа каква е состојбата со жртвите во сообраќајот и податоците покажуваат дека за октомври 2020 година имаме 11 жртви, а во октомври 2021 има пет, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека минатата година имало и најмалку жртви и штети причинети од сообраќајни незгоди.

-Во периодот со најмногу реструикции има повеќе незгоди и жртви за разлика од сега во истиот период на годината. Тоа е заради континуираните акциски контроли, кои ги спроведуваме за да се зголеми безбедноста, да се намалат жртвите, тешките телесни повреди и материјалните штети, рече Спасовски.

Според министерот од мали нозе мора да се учат децата на морални и етички норми, а со тоа и однесувањето во сообраќајот.

-Регистрирани се 96 загинати во периодот од јануари до октомври. Исто така имаме и 166 853 прекршоци, што е зголемување за 70%. Станува збор за повеќе изречени казни, што ќе предизвика внимание кај луѓето и позитивни или негативни реакции во јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕТО КОЕ ДОАЃА ВИКЕНДОВ И ЌЕ ТРАЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

C +

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

C +