-Стапката на криминалитетот е намалена, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостувањето во „Утрински Брифинг“, додавајќи дека резултатите се добиени по споредбата на податоците од периодот јануари-октомври 2020 година со истиот период година. Спасовски истакна дека е намален и бројот на сторени кривични дела.
-Стапката на криминалитетот е намалена, а од минатата 2020 година имаме и се поголем раст на откривачката дејност. За оваа година имаме 19282 кривични дела, а минатата година 19370 кривични дела. Од нив целосно расчистени и откриени се над 11 илјади, што значи дека стапката на откривачката дејност е 60,91, а порано изнесуваше само по 20-30%.
Спасовски додаде дека годинава се сузбиени седум организирани групи, од кои пет поврзани дрога, една за криумчарење мигранти и една за бесправна сеча на шума.
-Само во делот на корупцијата е зголемена за 58,3% откривачката дејност. Регистрирани се 114 кривични дела за корупција, од кои најмногу за злоупотреба на службена положба и овластувања. Иницијативите во најголем дел доаѓаат од МВР, но секако делата се преземаат заедно со обвинителот, заклучи Спасовски.