Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во возило на скопјанец пронајдени мигранти од Куба

Синоќа во 21:10 часот на наплатна рампа „Смоквица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Скопје.

При контрола во возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица – мигранти од Куба – Д.Х.А.А.(31), М.Р.Ј.А.(25) и И.Ц.В.А.(27).

Лицата биле предадени во полициска станица за понатамошна постапка.

За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Можеби ќе ве интересира

Таблетарната онколошка терапија од 4 август ќе може да се подигнува директно во аптеките

C +

Измени на Законот за полиција, кој ќе биде подобен ќе може да стане началник и веднаш откако ќе се вработи во полиција

C +

Со зголемување на старосната граница за вработување, Тошковски сака да го врати МВРО-ВМРО, алармира СДСМ

C +