Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Скопје, приведен дилер на дрога

На 16.11.2021 во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода Д.М.(20) од Скопје.

По претходно добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во дом на подрачјето на Центар, во кој живее Д.М., при што биле пронајдени поголемо полиетиленско пакување со марихуана и електронска вага. Д.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО КОЈА СИТЕ ЈА ОЧЕКУВААТ: Од недела значителен пад на температурите и дожд – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +