10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестБИЗНИСИЗБОР

Бензинот поевтинува за 1,5 денари

Од ноќеска на полноќ бензинот ќе поевтини за 1,5 денари по литар, додека цената на дизел горивото ќе се зголеми за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 67,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,407 денар/килограм и ќе изнесува 41,852 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со 1.000 денари покачување

ДЕСК

Се токмат нови цени на горивата

ДЕСК

УЈП продаде запленет стан во Охрид, деловен простор во Струмица, земјиште во Прилеп – вкупно инкасирале 314.230 евра

ДЕСК