7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Северна Македонија со најдобар индекс во борбата против корупција во регионот

Северна Македонија на листата на  студијата на швајцарската компанија за управување со ризик Global Risk Profile (GRP) за 2021 година се наоѓа на 85-тото место, со индекс 43,56, што ја прави најмалку корумпирана споредено со земјите од Западен Балкан.

Најмалку случаи на поткуп и корупција се откриени во Финска, на второ место е Норвешка, а потоа следуваат Нов Зеланд, Данска и Шведска.

На листата по Северна Македонија се  Црна Гора на 89. место, потоа Србија на 92. место. На 122-рата позиција е Косово, Албанија на 125-тото место и Босна и Херцеговина на 131-вото место. 

Во истражувањето се опфатени вкупно 196 земји, а на дното на листата, како земји со високо ниво на корупција се Северна Кореја, Сирија и Либија.

Глобалниот индекс ја рангира корупцијата според одредени критериуми, вклучително и перењето пари и финансирањето тероризам.

Можеби ќе ве интересира

ЗАСТРЕЛАН НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКА ЛИСТА ЗА СОВЕТНИЦИ: Пукање среде Куманово

ДЕСК

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК