22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКИЗБОР

Многу луѓе сушат алишта дома во текот на зимата: Еве зошто не треба да го правите тоа

Со доаѓањето на постудените и врнежливи денови, менуваме многу рутини. Еден од нив се однесува и на сушење облека. Многумина сега ги сушат алиштата во станови или куќи и тука прават голема грешка.

Хемикалиите од детергентите и омекнувачите испаруваат од влажната облека. Според истражувањата, сушењето алишта во затворен простор го зголемува нивото на влажност за 30 проценти.

Влагата може да предизвика главоболки и проблеми со дишењето, а во тие простории може да се појави мувла која може да предизвика алергиски реакции.

Користењето радијатор исто така не е добра опција за сушење алишта. Најдобро е да ги оставите алиштата надвор, во воздух, па дури и кога е ладно.