27. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: Дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија?

Соопштение на СДСМ:

Вчера се објавија инфрмации дека Управата за финансиска полиција спроведува предистражна постапка за препродажба на нива, поврзана со нелегално финансирање на политичка партија.

Истовремено, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески лажно обвинуваше дека се врши претрес во неговиот дом, иако подоцна се потврди дека претресот не бил во неговиот стан, туку во станот на неговиот татко.

Оттука логично се поставува прашањето дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија за што Управата за финансиска полиција врши предистрага?

Дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија веднаш се стави во заштита на Јаулески и неговиот татко?

Одговорите на овие прашања очекуваме да ги даде истрагата што се спроведува од надлежните институции.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива

C +

Филипче: На оваа власт луѓето и се на последно место

C +

СДСМ: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога?

C +