22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гостиварец обвинет за напад врз полициски службеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 49-годишен гостиварец, осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

На 4 август, обвинетиот нападнал двајца полициски службеници кои вршеле сообраќајна контрола на магистралниот пат Кичево Гостивар. Тој работел како чувар во каменоломот пред кој било паркирано полициското возило за сообраќајна контрола. Додека службените лица имале сопрено возило за проверка, обвинетиот им се приближил и најпрвин започнал вербално да им се заканува и да ги брка. Полицајците го предупредиле да престане со заканите, дека ќе биде приведен и дека целиот настан го снимаат камерите на нивните униформи. Во тој момент обвинетиот се обидел да го скине кабелот од службената камера, а потоа зел лопата која била оставена на страна и започнал со неа да замавнува кон полициските службеници. Тие го совладале и го привеле.​​

Можеби ќе ве интересира

Цената на нафтата значително скокна

M T

Лекарска комора: Осуда за нападот на лекар во Охрид, итно да се донесат измените на Кривичниот законик

M T

Мигрант заврши зад решетки поради напад и разбојништво врз други мигранти во Липково

M T