10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Швајцарската програма за претприемништво (Swiss EP): ФИТР е пример за функционална владина поддршка

Еден од главните двигатели на стартап екосистемот во Северна Македонија е Фондот за иновации и технолошки развој а како примарен ресурс за финансирање за повеќето стартапи и акцелератори во земјата, оваа институција презема водечка улога во поттикнувањето на развојот на стартапите во земјата, заедно со Стартап Македонија, се вели во анализата на македонскиот стартап екосистем, на Swiss EP.

Во текстот на Швајцарската програма за претприемништво, Фондот е окарактеризиран како „сè освен обична владина агенција. Тие се агилни, пријателски и составен дел од македонската стартап заедница.“

Swis Ep ги препознава и овогодинешните нови иницијативи на ФИТР, односно формирањето на Национален стартап совет кој подготви пакет мерки за трансфорација на екосистемот, воведувањето на првата Програма за корпоративна иновативност за поголема соработка меѓу големите компании и стартапите, договори со 6 банки за подобри услови за кредитирање за македонските стартапи, креирање на Национална стратегија за вештачка интелигенција, како и првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра кој ќе инвестира во македонските стартапи од 100.000 до 1.5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.