11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Северна Македонија го честита 75-годишниот јубилеј на УНЕСКО

Република Северна Македонија со честитка се вклучи во одбележувањето на 75-годишнината од основањето на УНЕСКО. Пораките што секоја земја ги испраќа во светот, а кои од денеска се шират преку мрежата на светската организација, Северна Македонија ги прати во видеозапис со културните и природните богатства и со учество на „Саунд чалгија систем“.

Со оваа порака, Северна Македонија се вклучува во виртуелната прослава на јубилејот на УНЕСКО:

„Република Северна Македонија е членка на УНЕСКО од 1993 г., но како дел од поранешна Југославија, ние сме членка на ова светско семејство речиси колку нејзиниот јубилеј.

УНЕСКО за нас значи признавање на културните и природните добра што ги имаме во изобилство, како и промоција во светот. УНЕСКО пред 42 години на својата престижна листа го впиша Охридскиот Регион како светско природно и културно наследство со универзална вредност. Ние сме горди на тој чин и на сето внимание што со децении го добиваме од УНЕСКО, не само за овој бисер на Балканот.

Во светот, УНЕСКО има поголема и суштинска улога, а тоа е хуманоста и солидарноста на целата планета.

УНЕСКО се грижи за културните и за природните добра, за образованието, за основните човекови права во земји каде што од политички или економски причини, тие права се на последното место.

Едноставно, УНЕСКО е засолниште на сė што е вредно, а може да биде уништено.

Со фрагменти од најубавите слики и звуци кои се наше, но и светско богатство, му го честитаме 75-тиот роденден на УНЕСКО. Среќа што постои, особено во времето што претстои“.

Уставот на УНЕСКО беше усвоен и потпишан на 16 ноември 1945 година во Лондон и стапи на сила на 4 ноември 1946 година во Париз.

УНЕСКО од организација на Обединетите нации со 41 држава членка во 1945 год., прерасна во организација со 193 држави членки и 11 придружни членки во 2021 година.

Денес таа е одговорна за донесувањето на најважните светски инструменти за воспоставување стандарди, вклучувајќи ја и Конвенцијата за светско наследство од 1972 год., предводник на многу иницијативи и водечки реализатор на главните програми на ОН во културата, образованието, науката и информациите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

НУРЕДИНИ: Усвоен Предлог – Законот за Студенчишко Блато, се исполнува препораката на УНЕСКО

M T

Одбележување на Платиниумскиот јубилеј – 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора

M T

Градот Алгар во Шпанија предлага уличниот вечерен разговор да се стави на листата на УНЕСКО

M T

НУРЕДИНИ: УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство

M T

Жаклина Лазаревска: УНЕСКО ги препозна конкретните мерки што ги преземаме за заштита на светското наследство на Охридскиот регион

M T

Заев: Одлуката на УНЕСКО е предупредување дека сите мораме да го штитиме Охридскиот регион

M T