23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Еве колку ќе се зголемат платите: Владата најави скок на примањата во здравството, образованието, културата, судството, обвинителството …

Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи го Предлог- буџетот за 2022 година рече дека за плати и придонеси се планирани 531 милион евра, додека со ребалансот за 2021 година износот бил 514 милиони евра.

– Планирано е зголемување на плати во здравство за 5 проценти, поголеми плати во судтсво за 15 проценти, раст на плати од 15 проценти за обвинителите, 7 проценти поголеми плати во образованието согласно колективниот договор, раст на плати во културата – согласно колективниот договор во кој растот се поврзува со растот на минималната плата и 10 проценти раст на платите на инспекциските служби согласно закон што е донесе и според кој ова ќе биде трета година како се корегираат нивните плати – рече Бесими.

Тој потенцираше дека не е предвидено зголемување на бројот на вработени во администрација и дека нови вработувања ќе има за пополнување на местата на оние што ќе одат во пензија.

-Иако во апсолутен износ, одвојувањето за плати е поголемо отколку со ребалансот за годинава, структурално, платите ќе земат помало учество во вкупните расходи во буџетот – рече Бесими.