Кандидатот наопозицијата во Унгарија за нов премиер на земјата, Петер Марки Зај при својот говор на 23октомври сподели дека доколку Виктор Орбан ја изгуби власта следната година, екс-премиерот на земјава Никола Груевски ќе се соочи со екстрадиција.
„Оградата ќе остане и ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од „Фидес“. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од Фидес“, сподели Зај на својот Твитер профил.
❗️Megmarad a kerítés és ki fogjuk utasítani a Fidesz által betelepített bűnöző migránsokat. Ki fogjuk adni a macedón Nikola Gruevszkit, a jordán Zaid Naffát és a többi, Fidesz által betelepített bűnöző migránst.https://t.co/k7xY1Q69ZT#csakfelfelé #választás2022 #MZP #migráns pic.twitter.com/iEHKiGcgWq
— Márki-Zay Péter (@markizaypeter) October 27, 2021
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес владеат со земјата дванаесет години, а на сите претходни избори покажаа дека опозициските партии не се посериозна закана – се додека се поделени. Шесте најважни опозициски партии сфатија дека можат да успеат само со заеднички кандидат – и пред изборите во Унгарија следната година, го избраа Петер Марки-Зај.
Тој е всушност кандидат за кој се сметаше дека нема никакви шанси, но и затоа што зад него нема поголема партија. Тој е основач на „Унгарското движење за сите“ (Mindenki Magyarországa Mozgalom, МММ) со кое се кандидираше за градоначалник на неговиот град Ходмезовасархели – Вашрељ на југот на Унгарија.
Но, токму овие локални избори и покажаа на унгарската опозиција што да прави: Вашрељ дотогаш беше упориште на Орбановиот Фидес, но Марки-Зај победи без проблеми бидејќи сите опозициски партии ја поддржаа неговата кандидатура.
Питер Марки-Зај (49) нема посебно искуство во „големата“ политика, но несомнено е талентиран говорник и успешен агитатор. Како католик и татко на седум деца, тој има карактеристична биографија: студирал маркетинг, но и електротехника, економија и историја. Од 2004 до 2009 година со семејството живеел во Канада и САД, каде продавал мобилни телефони, како и резервни делови за автомобили. По враќањето во Унгарија, работел во неколку компании во електротехничкиот сектор, а предава и маркетинг на Универзитетот во Сегед.
Тој признава дека на почетокот и самиот бил следбеник на Фидес на Орбан, но поради корупцијата и непотизмот што владее таму, неговата вера веќе го навела да им сврти грб.