23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот, да гласаме за број 12 за победа во Демир Капија, за победа низ целата држава

На 31 октомври треба да го потврдиме напредокот, Демир Капија и сите други општини да продолжат напред, да не ризикуваме да скршнеме од патот и да се вратиме назад, а напред продолжуваме со заокружување на број 12, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ова не е борба само за тоа дали ќе победи СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ или кандидатите на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ ќе победат, ова е борба за да ја осигураме иднината, да го осигураме правецот по кој ќе се движи нашата општина, нашата држава.“ посочи Заев.

Претседателот Заев истакна дека сето она што е реализирано во овие четири години наспроти оние 11 години под Режимот, е јасна разлика помеѓу концептот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„За само четири години ги покачивме платите, пензиите и социјалната помош, стапката на невработеност е на 15,9 отсто, државата денеска е членка на НАТО а идентитетот наш македонски е признаен од целиот свет. И сето тоа за четири години од кои 20 месеци живееме во пандемија, а имавме референдум и парламентарни избори. Тоа мора да продолжи и наредниот период, затоа треба да сме обединети и мудри на 31 октовмри, да не дозволиме Демир Капија државата да се враќаат назад. Со нас знаете на што сте, со ВМРО-ДПМНЕ нема нова иднина. Да не дозволиме да се вратат лагите, манипулациите, да се врати режимот назад. Затоа во недела да гласаме за број 12, за Лазар Петров за Демир Капија, да гласаме за 12 за победа и во Демир Капија и низ целата држава, повика Заев.