13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец: Дан(и)ела не демантираше дека нема бугарско државјанство – Се знае како се демантира, јасно и гласно, но ДАН(и)ЕЛА тоа не го направи

Фејсбук статус на Марјан Забрчанец, советник во Владата:

Данела НЕ ДЕМАНТИРАШЕ дека НЕМА државјанство и дека НЕМА лична карта издадена од Република Бугарија.

Се знае како се демантира, јасно и гласно, но ДАН(и)ЕЛА тоа не го направи.

Спротивно, Данела се обиде во вмровски стил да го покрива скандалот со напад. Добро ја вежбале, ама заборавиле дека НАРОД ГЛЕДА.

Ти ја прашуваш “Дали имаш БГ лична карта како што е јавно приложено?”, а таа ти вика “Аааа не, ти си лажов, фризурата не ти чини”.

Епа НЕ БИВА, не работи пропаганда од 2014-та во 2021-ва.

Нема јасен демант, се чудат дури и вмровските медиуми како да ја бранат на толку јавни докази и факти.

Паника во палатата. Падна пропагандата на ВМРО – тие фори им проаѓаа во едно друго време, кога сите медиуми им беа под контрола и ги координираа од еден центар.

А, сега (речиси) сите медиуми се слободни. Може да пробува кој што мисли дека може да влијае, но слободата никој не може да им ја одземе на медиумите.

Кога СЕ е јавно, лагата потешко проаѓа од вистината.

Тоа е нашата борба и таа борба ќе ја добиеме ако се обединиме позади или пред фактите.

Гласај во недела!

Спонзорирано: