24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Од лична карта нема поголем доказ, Арсовска е разобличена, криела од јавноста и ги потценува граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Нервозните реакции на кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска не можат да со сокријат фактот дека таа пред 10 години добила бугарско државјанство, а пред четири години добила и бугарска лична карта и сето тоа го криела од јавноста.

Тоа што има Арсовска е нејзино право, спорно е што крие од граѓаните и ги потценува.

Бадијала се лути Даниела или Данела и спомнува некаков алманах, поголем доказ за идентитет од лична карта нема.

Од вистината никој не побегнал.

Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје.