Дали некогаш сте се запрашале зошто ловоровиот лист се става практично во сите јадења – поради неговата неверојатна лековита моќ.
Верувале или не, чајот од ловор ќе ви помогне за момент да ја смирите кашлицата, а ако неговиот јак и горчлив вкус ви е претежок, фокусирајте се само на неговите придобивки и малку полесно ќе го пиете.
Свежите листови содржат витамини А, Ц, како и витамини од Б комплексот, а присутните минерали се калциум, манган, железо, селен, цинк и магнезиум.
Поради сето ова, чајот од ловоров лист е одличен „лек“ за секоја кашлица, а по само една шолја веднаш ќе ја почувствувате разликата.
Ако аромата е премногу силна, а вкусот е премногу горчлив, сосема е во ред да додадете една лажичка мед и евентуално да исцедите малку свежо исечен лимон. Само знајте дека најважно е да го пиете овој напиток додека е уште топол.