Во следните два дена ќе биде претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата.
Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури.
По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.
Прогноза за 27.10.2021
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Прогноза за 28.10.2021
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 12°C до 17°C
Сончево со мала до умерена облачност, позначителна во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северисточен правец.
Прогноза за 29.10.2021
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.