-Ако ДОМ и ЛДП го повикаа гласачот да гласа за одреден кандидат тоа веројатно ќе беше сфатено како понижување на интегритетот на гласачот, но тоа се гласачи што веруваат во нашите вредности, нагласи претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостување на Сител телевизија. Тој кажа дека гласачите на ЛДП, ДОМ, Зелен хуман град и други се директно спротивставени со ВМРО-ДПМНЕ во однос на гледиштата и вредностите.
-Нас не поврзуваат многу заеднички работи и преку генералните вредности, преку интегративните вредности, слободата, демократијата, реформите во судството, ефикасноста на администрацијата, во вториот круг ќе се поврземе сите, уверува Заев.
Според него граѓанскиот сектор во советите сега е силно вграден, има шареноликост и партиите ќе бидат под будното око на граѓаните.
-Во голем број од општините верувам дека можеме да понесеме видлива победа, додаде Заев.