-Оваа сала вечерва ја покажува вистинската сила на граѓаните, а вашата сила и посветена работа ја влече метрополата напред, не е сеедено каков град ќе биде нашето Скопје за кое работиме со многу љубов, со срце. Ова не е вмровски или сдсмовски град, Скопје е град на скопјани, наш заеднички дом, град кој се грижи за сите, без оглед ан која страна на Вардар живеете, јас верувам само обединето и сплотено Скопје може да биде убаво место за живеење, каде секој ќе може да каже ова е мојот град, во кој младите ќе имаат иднина, а старите сигурност. Иднината на овој град е во ваши раце, да гласаме за Скопје, рече сегашниот и кандидат за градоначалник, Петре Шилегов на собирот на СДСМ „Обединувачки за Скопје“.
-Тоа е Скопје што ќе го градиме а не споменици и стриопор, новиот урбанистички план ќе гарантира дека никој нема да го злоупотребува Скопје во лични цели. Скопје е жртва на ГУП-от од 2012 кој му направи проблем на градот, да не дозволиме да се претвори градот на кич и невкусот, заборавивме ли на палмите и жалните врби, дека се плашевме децата да ги пратиме во училиште за да не се истепаат, а сега е сигурно, да не дозволиме грешките да ни се повторат. Од другата страна се истите луѓе кои експериментираа со нашето Скопје, да не бидеме да бидеме прелажени со нереални идеи, да не дозволиме да се врати едно старо минато, и гневот да го надвладее разумот, сега е време да се договориме за доброто на Скопје, порача Шилегов.
Тој дополни дека ова се избори за Скопје да продолжи напред, а не да се препушти на истите кои му ја зедоа душата.
-Изградивме повеќе инфраструктури проекти колку што немаше во 27 години наназад, чекор по чекор Скопје станува модерен и организиран град на 21 век, за овие четри години и јас научив многу, она што најдобро знам дека ништо не се постигнува лесно и брзо, туку со планирање, а нашите проекти нудат решение за идните 50 години, а тоа не се работи ниту брзо ниту лесно како што велат Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, појасни тој.
Шилегов рече дека одговорноста за градот се мери преку зелените оази изградени во минатите четири години како и квалитетот на воздухот.
– Ги исчистивме сите депонии и ги претворивме во паркови, а според новиот урбанистички план Скопје ќе биде град без тешка индустрија, важно е да имаме добар превоз и најголема пешачка зона во Европа. Скопје веќе се менува, нови четри булевари, мостови, паркови, енергетски план, вело патеки, во следните четри години градот дополнително ќе се промени, за четри години нема да има гужва во сообраќајот, ако за четири години го намаливме загадувањето за една третина за уште четири нема ни да биде тема на разговор, тоа е визијата за градот, дополни тој.
Шилегов потсети дека за време на неговиот мандат се набавени новите 33 ман автобуси со висок квалитет, а не кинески и неквалитетни.