20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Можно е, остварливо е, неопходно е обединување!

„Барам поддршка од сите граѓани за нашата заедничка прогресивна иднина. За Скопје европски град, Скопје кое сплотува и работи за вас. За Северна Македонија европска држава, достојна членка на НАТО, меѓу демократските земји која испорачува мир, а сите ние европски граѓани. Можно е, остварливо е, неопходно е обединување“ порача премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на граѓанскиот собир на партијата во Скопје.

Тој ги повика сите на одважност и издигнување над себе и личните очекување и побара кочниците кои сите ќе не вратат назад, да ги претвориме во силата која ќе повлече напред, бидејќи должност ни е да одиме напред.

„Со еден чекор сме горе, на планината и ќе поставиме уште едно победничко знаме на слободата, напредокот и интеграциите. Но со другиот сме „низбрдо“, назад во 2016, а кој знае можеби и во 2001, во ризици, неизвесност криза и изолација“ кажа Заев.

Тој рече дека последниот сантиметар до целта е најтежок бидејќи успехот се чини на дофат и сме најкомотни и тогаш ризикот за да се лизнеме надолу е најголем.

„Кочниците кои ни ги поставуваат другите и дома и надвор се тешки, но со нив знаеме да се справуваме. Но како ќе се справиме со самите себе кога на 1 ноември би се разбудиле со сознанието дека сами сме поставиле кочници на среќата на свето дете, на прогресивната иднина на својата земја и дека Скопје не го срушил земјотрес, туку од невнимание и разединетост преку Скопје не повлекле во провалија, тие кои го нагрдија и му ја одземаа душата“ рече Заев.

Спонзорирано: