Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово во дебата на ТВ24 му посочи на Димитриевски да не манипулира со граѓаните и да не се претставува како нивен кандидат.
“ВМРО и Димитриевски соработувале, тоа го дознавме, негов шеф на штаб заедно со претседател на ВМРО Куманово преговарале и договарале.”
Илиевски го праша Димитриевски од каде толку скапа кампања “Слушнавме дека се преговара за јавни претпријатија Водовод, Чистота, Пазаришта, ветувања кон врхушката на ВМРО, слушнавме за станови давани на високи функционери на ВМРО, овие драматургии на Димитриевски се само да не зборува за тоа што не го изгради во Куманово.”