Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија ТОП ВЕСТИ

Герасимовски: Мицкоски и Котлар се против интересите на граѓаните кај Зелен пазар

Мицкоски и Котлар воопшто не знаат кои се приоритетите и проблемите на граѓаните кои живеат кај Зелен пазар. Наместо да понудат решение за жителите околу пазарот, тие излегуваат со ветување кои дополнително ќе им го отежне секојдневнието.

На граѓаните кај Зелен пазар ќе им го решиме проблемот со хигиената и хаосот кој се создава од пазарџиите кои продаваат надвор од тезгите. Најстрого ќе се санкционира и редовно контролира нарушувањето на мирот на граѓаните, продажбата на диво и валкањето на околината. Понатаму, ќе ги исчистиме и уредиме подземните паркинзи и ќе воведеме целосен ред во паркирањето.

Ова е врвен приоритет за граѓаните кои живеат таму и ќе го решиме во првите месеци од мандатот. Пазарџиите кои уредно продаваат и плаќат за тезгите ќе добијат субвенции за наем на тезгите и за паркирање. Со тоа ќе стимулираме регуларна продажба а ќе ги отстраниме пазарџиите кои продаваат на диво. На Зелен пазар ќе воведеме ред и еднакви услови за пазарџиите, а чиста и безбедна средина за граѓантие кои живеат таму.

Мицкоски и Котлар тропаат на погрешна врата и јасно е дека не знаат што е потребно за граѓаните на Центар. Затоа за десет дена ќе се соочат со нов пораз.
Мицковски и Котлар и при денешната посета на пазарџиите од Зелен пазар не понудија конкретни решенија како ќе ја подобрат нивната состојба туку дадоа само ветување дека може подобро. „Подобро“ без конкретни решенија е само уште празно ветување. Нашата програма е поразлична затоа што го нуди токму спротивното – конкретни решенија за проблемите на граѓаните.