Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Во извештајот на ЕК се препорачува итен почеток на преговори за пристап кон членство и прва меѓувладина конференција до крајот на годината за време на Словенечкото претседателство

Амбасадорот Гир денеска го предаде извештајот на Европската Комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме, порача премиерот Зоран Заев.

– Извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Врз основа на тоа, во извештајот се препорачува итен почеток на преговори за пристап кон членство и прва меѓувладина конференција до крајот на годината за време на Словенечкото претседателство.

ЕК во извештајот потенцира дека реформите се континуиран и долг процес кој не треба да биде прекинат и кој бара посветеност и од опозицијата и од другите делови на општеството.

Извештајот потврдува дека чекориме силно на европскиот пат. Тоа е единствениот пат кој носи европски стандарди и подобар живот, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

ДЕСК

Скопје како Бејрут: Скопјанец среде Карпош претепан од повеќемина, а потоа му го демолирале и возилото

ДЕСК

Пронајден починат маж од Неготино – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК