Променливо облачно со сончеви периоди. Понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Од утре следува период на стабилно и потопло време. До понеделник во планинските подрачја ќе има услови за појава на слаб дожд. Утринските температури ќе бидат над нулата, а од почетокот на следната недела дневните температури понекаде ќе го надминуваат дваесеттиот степен.
На крајот од работната недела наутро ќе има појава на магла по котлините.