10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Доаѓа повеќе сонце – Метеоцентар со четиридневна детална прогноза

Од недела следува период на стабилно и потопло време.

До понеделник во планинските подрачја ќе има услови за појава на слаб дожд.

Утринските температури ќе бидат над нулата, а од почетокот на следната недела дневните температури понекаде ќе го надминуваат дваесеттиот степен. На крајот од работната недела наутро ќе има појава на магла по котлините.

Прогноза за 19.10.2021
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 21°C
Сончево со мала до умерена локална облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.10.2021
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 16°C до 22°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец.

Прогноза за 21.10.2021
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 22°C
Наутро со услови за појава на магла по котлините, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.