Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Сугарески на ТВ24: Реализиравме крупни проекти и покрај пандемијата, но ќе продолжам да работам за зелената агенда и решавањето на депонијата во Прилеп

Главниот мотив на мојата кандидатура е љубовта кон Прилеп и сметам дека со целото мое искуство кое што го имам во изминатиот период и знаење коишто сум ги стекнал дополнително во законодавната и извршната власт, можам целосно да ги преточам во општината, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ, Горан Сугарески на дебатата на ТВ24. Тој кажа дека со искуството, политичкото знаење и помошта од страна на централната власт ќе придонесе Прилеп биде подобро место за живеење. 

-Голем дел на проектите изминатиов период и покрај година и половина ковид криза беа во овој град реализирани. Во овие четири години генерални исчекори имаме направено, истакна Сугарески.

Кандидатот на СДСМ нагласи дека ќе работи на подигање на свеста за еколошката средина и надминување на предизвиците со депониите.

-Со поагресивна кампања ќе ја постигнеме целта. Во делот на подигањето на сметот и депонијата ќе се заложам, а исто така и за зголемување на зеленилото и површината на парковите, како што сега се прави во населбата Точила, истакна Сугарески.

Според него треба да се постави жичана ограда кај депонијата, која, како што вели Сугарески, противниците од ВМРО-ДПМНЕ континуирано ја искористувале во кампањата, но не решиле ништо.

Тој дополни дека во моментов се води постапка и за преземањето на Универзалната сала од страна на општината, што укажува на фактот дека се вложува во спортот и младината.
-Сите како да сакаат и да заборават на новиот спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро, до каде е направена и патната инфраструктура. Тоа е одлично место за рекреација како за младите, така и за возрасните, нагласи Сугарески.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач на пасат прегази велосипедист кој почина – шоферот побегнал, а возилото го оставил

ДЕСК

По победата на локалните избори, Билал Касами – иден претседател на ВЛЕН?

ДЕСК

Полицијата упадна во дом во Кочани: Пронајдени 11 лица како играат комар, а полицајците нашле и пари

ДЕСК