Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Сугаревски на ТВ24: Изградивме стадион во Прилеп кој ни беше оставен како руина и ќе продолжиме со инвестициите во спортот

Стадионот е комплетно сработен, а претходно беше руина оставена од режимот, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугаревски на дебатата на ТВ24. Тој потсети дека сега стадионот е комплетно направен и таму сите прилепчани ќе имаат прилика да ги проследат натпреварите на ФК Победа.

-Сите како да сакаат и да заборават на новиот спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро, до каде е направена и патната инфраструктура. Тоа е одлично место за рекреација како за младите, така и за возрасните, нагласи Сугаревски.

Кандидатот на СДСМ дополни дека во моментов се води постапка и за преземањето на Универзалната сала од страна на општината, што укажува на фактот дека се вложува во спортот и младината.

Сугаревски исто така кажа дека жали што граѓаните на Прилеп немале прилика на дебата да го чујат противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК