25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Георгиевски на Топ тема: Охрид ќе добие ревитализирана Стара чаршија и реконструиран главен плоштад

Еден од клучните пет проекти во нашата програма е урбаната култура, а тоа предвидува реконструкција на плоштадот „Чинар“, којшто е проект во завршна фаза и сега е пред Управата за културно наследство за добивање на конзерваторско одобрение, кажа кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, Константин Георгиевски. Тој вели дека потоа следува ревитализација на Старата Чаршија и реконструкција на главниот плоштад во Охрид. 

-Имаме проект за започнување на реконструкцијата на ул. „Македонски Просветители“ којшто е изработен, обезбедивме средства, склучен е договор со изведувач и поради туристичката сезона, која ја чекавме да помине, ја завршуваме ул. „Јане Сандански“ па да започнеме со Просветители, истакна Георгиевски.

Тој додаде дека изградбата на четири прочистителни станици може да се заокружи заштитата на Охридското Езеро. Според Георгиевски, со имплементацијата на препораките од УНЕСКО, ќе се надимат предизвиците со селата Трпејца, Љубаништа и Косел, кои важеле како индиректни загадувачи на езерото. 

-Ние во изминатиов период покажавме како тоа се прави, реконструиравме навистина голем број на улици, Охриѓани знаат, ги гледаат резултатите од нашата работа, заклучи Георгиевски.

Можеби ќе ве интересира

Милевски: Виница 4 години назадува, катастрофално владеење на Петков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Додека го паркирал опелот, истиот се запалил – детали за настанот во Битола

ДЕСК

Ужас во Гази Баба: Малолетник нападнал малолетно девојче со тврд предмет

ДЕСК