– Наместо да ветува проекти кои се веќе реализирани или се во фаза на реализација, Александар Стојкоски да каже дали ги поддржува блокадите на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на нов Клинички центар во Ѓорче Петров, прашуваат од Ѓорче Петров.
– Дали Стојкоски како лекар е против изградба на современ Клинички центар исто како и неговиот шеф Христијан Мицкоски?
Дали Стојкоски како жител на Ѓорче Петров е против тој да се гради во Веле Поле како што се неговите сопартијци Владо Мисајловски и Бојан Стојаноски?
Кога веќе не знае да понуди реални и остварливи проекти, Стојкоски барем нека им одговори на граѓаните кој е неговиот став по ова прашање, велат од СДСМ Ѓорче Петров.