22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ – СКОПЈЕ КОНТРА АРСОВСКА: На Скопје му недостига зеленилото што го уништи ВМРО-ДПМНЕ, а Шилегов успешно го враќа

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска без срам зборува дека на Скопје му недостига зеленило, откако ВМРО-ДПМНЕ со години систематски го уништуваше зеленилото во Скопје и на Водно.

Да, на Скопје му недостига зеленилото од Булевар Климент Охридски, кое Коце Трајановски и Никола Груевски го искасапија, а Шилегов вети дека ќе го вратиме.

На Скопје му недостигаат парковите и зеленилото во Центар уништени со мегаломанскиот проект Скопје 2014, кое ние го надоместуваме со зелени кровови и зелени скверови – реагира градската организација на СДСМ.

На Скопје му недостига зеленилото на Водно, кое партијата на Арсовска ВМРО-ДПМНЕ систематски го уништуваше – со „Сончев Град“, патот до Сончев град, „Беверли Хилс“ на Водно и плацовите за „згради мади“ на Груевски и урбаната мафија.

На Скопје му недостига зеленилото уништено со криминалната бетонизација на Скопје, спроведена со криминално донесување на урбанистички планови од страна на „Грујо ГУП“ и „Миле ДУП“.

Залудно кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Арсовска зборува за нови паркови без да предочи ни „п“ од проект за барем еден парк. Скопјани се сведоци како на местата каде што имаше диви депонии и диви паркинзи никнаа десетици нови паркови и зелени скверови во Скопје. Скопјани се сведоци дека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов го унапреди зеленилото во Скопје како никогаш досега и ги возобнови двата најголеми паркови во Скопје – Градскиот Парк и паркот Сарај.

Скопје четири години успешно го враќа зеленилото кое ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Коце Трајановски систематски го уништуваа. Скопје станува зелен град.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T