27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАЛОКАЛНО

Петров од Демир Капија:  Од општина со долгови направивме место на кое се гради

Во изминатите четири години, граѓаните и нивните потреби ми беа приоритет, и на тој начин допринесов општината да ја направа подобро место на живеење, рече Лазар Петров досегашниот и кандидат за градоначалник на Демир Капија.

-Општината ја наследив со многу долгови од претходната власт ВМРО-ДПМНЕ, и покрај раздолжувањето направивме многу за општината, станавме општина во која се инвестира и во која се гради, работевме чесно и договорно, сега со стекнатото искуство и без долгови ќе ни биде полесно, дополни тој.

Тој посочи дека во четиригодишниот мандат реконструирани се училишта,  изградена е детска градинка и Центар за ран детски развој, се изгради социјална зграда со 16 стана, водоводни и канализациски мрежи, промоција и развој на туризмот, културата и спортот унапредување на земјоделието, се градат улици и патишта.

-Во следниот мандат ќе се изгради автобуска станица, прочистителна станица на реките Бошавица и Вардар, холтикултурно уредување, спортски терени, две нови инвестиции од кои едната е со вредност од над 50.000 евра каде ќе има нови вработувања и изградба на биогасна централа со вредност од над 20 милиони евра, појасни тој.

Тој порача дека Демир Капија на 17 октомври треба да избере напредок и тим кој ќе работи за најдоброт за општината.