Ја покачивме минималната плата од 8-9000 на 15.000 денари и денеска имаме просечна плата од 28 764 денари, за 6300 денари, односно сите плати се покачени за најмалку 100 евра. Ќе се промени комплетно методологијата на пресметките на пензиите, секаде во Европа е вграден и втор механизам, а тоа е порастот на просечните плати, кај нас платите растат за 10 посто повеќе, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, на митингот „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево.
-Од 1 јануари ќе растат согласно цеените на мало и согласно порастот на просечните плати, така што пензионерите кои се заслужни за ова богатство од земја ги помагаат и децата и внуците и овие пари ќе бидат благоедет за нив, рече тој.
Тој посочи дека Северна Македонија е држава членка на НАТО, постигнавме успеси, во една рака имаме успешен попис, а во друга рака НАТО членство, оваа Влада има капацитет да спроведува вакви процеси, денеска татковината ние слободна безбедна и сигурна, обезбедени граници.
-Омаме траен мир конечно имаме држава со имотен лист која ги впиша македонците во ОН со свој јазик, рече Заев.