22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костадинов на 24: Во изминатите 16 години Струмица од слепо црево на југоистокот, стана град со кој сите се гордееме

„Струмица во овие 16 години има локална власт предводена од СДСМ и нижи низа успеси и процеси. Од општинската инфраструктура во градот и населените места, завршените водоводни и канализациони мрежи, реконструкција на училиштата и изградба на нова градинка после 30 години. Струмица стана од слепо црево на југостикот, град со кој сите се гордееме и се споменува во целата држава“ кажа кандидатот за градоначалник на СДСМ, Костадин Костадинов во емисијата „24 анализа“.

Тој додаде дека во неговиот мандат ќе продолжи да спроведува успешни политики и да им служи на сите граѓани на Струмица.

„Јас ќе направам се за да го одржам пријателството и со моите противкандидати, со поранешниот градоначалник Коста Јаневски и да го обезбедам континуитетот на работите што ги реализираше прво Зоран Заев, па ги продолжи Јаневски, но и да спроведам нови проекти што ќе значат поголем и посилен прогрес на Струмица“ кажа Костадинов.

Тој додаде дека важно за градоначалникот на општината е да биде во симбиоза со централната власт, откако претходно поминале 11 години во кои тоа го немаше.

„После 30 години, благодарение на соработката на централната и локалната власт во Струмица се гради нова градинка со капацитет од 300 деца. Се реконструираат сите училишта. СДСМ има континуитет на добри политики и ссо такви ќе продолжи“ кажа Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Коста Костадинов на чести средби со граѓаните – Ретко одат на седниците на општинските совети, ама сакаат средби со градоначалници

M T

Расчистено убиството во Струмица, сторителите се лишени од слобода

M T

Костадинов: На државата и е потребна нормализација за да не го напушти демократскиот пат и да западне во ретроградни процеси

M T

Прегазен пешак во Струмица

M T

Заев од Струмица: Ова е веќе европски град, Струмица беше моторот во битката со режимот и во напредокот кон Европа

M T

Костадинов од Струмица: Не барам глас за да владеам, туку за да служам

M T