„Струмица ќе ги има најмодерните села. Целта е таму, во нашите села, да има добри услови за живот и да може да се обезбедува убава егзистенција. Среќата не е во градот или во селата, туку во квалитетот на живот во местото на живеење“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Струмица.
Тој дадоде дека ќе се работи на осовременување на сообраќајот во селата, како и во нивниот изглед.
„Ќе работиме на уредување на зелените површини, домови на култура, ќе ги уредиме селските плоштади, спортски и детски игралишта. Ќе поставиме енергетски ефикасно осветлување, а ќе ги подджиме и проектите за иновативни и современи системи во земјоделството“ кажа Заев.
Тој додаде дека се планира и воспостаување на дигитален систем за директен контакт на граѓаните со градоначалниците и советниците со цел брза и ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа.
„Иницијативите на граѓаните ќе бидат прифатени и ќе се разгледуваат по утврден систем, при што општините ќе бидат обврзани да одговараат во рок од 10 дена“ кажа Заев.